08 Октомври, 2024
0.0347

ПОВТОРУВАЛ ОДДЕЛЕНИЕ, НЕ БИЛ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА УЧЕЊЕ, А НАДИМАКОТ МУ Е „ПРАСКА“: Кој е Никола Саркози кој доби една година затвор за измама во предизборната кампања

Објавено во: Свет 16 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Апелацискиот суд го осуди поранешниот француски претседател Никола Саркози на една година затвор, од кои шест месеци беа условни, во скандалот со прекумерното трошење за време на изгубената претседателска кампања во 2012 година.

Адвокатот на Саркози веднаш изјави дека поранешниот претседател ќе поднесе жалба до Касациониот суд, највисокиот суд во земјата, за да ја оспори пресудата.

Никола Саркози, шеф на државата меѓу 2007 и 2012 година, пристигна во судот насмеан, без реакција ја ислуша пресудата и потоа ја напушти судницата без да даде изјава.

„Господинот Никола Саркози е целосно невин, тој ја забележа оваа одлука и одлучи да поднесе жалба до Касациониот суд. Затоа тој ја продолжува својата борба и својата позиција во овој случај“, изјави адвокатот на Саркози, Винсент Десри.

Во септември 2021 година, кривичниот суд во Париз го прогласи Никола Саркози за виновен за грубо надминување на законската граница за изборни трошоци и го осуди на една година затвор за незаконско финансирање на кампањата. Судот потоа веднаш побара затворската казна да се промени во куќен притвор под електронски мониторинг.

Ова судење се надоврзува на други судски грижи за Саркози. Во мај минатата година тој беше осуден за случајот со прислушувањето на три години затвор, од кои едната е условна. Тој ја обжали таа пресуда до Касациониот суд.

На Саркози повторно ќе му се суди во 2025 година поради сомневање дека Либијците ја финансирале неговата претседателска кампања во 2007 година, кога тој победи.

Саркози во 2017 година ѝ стави до знаење на јавноста кој е неговиот фаворит на тогашните избори и рече дека во вториот круг од претседателските избори ќе гласа за Емануел Макрон, актуелниот претседател на Франција.

Саркози потоа на социјалните мрежи објави дека тоа ќе го направи бидејќи Макрон е алтернатива на Марин Ле Пен, лидерката на крајнодесничарскиот Национален фронт и објасни дека тоа не значи дека ја прифаќа центристичката агенда на Макрон.

Инаку, овој поранешен претседател се повлече од политичкиот живот во 2012 година по поразот на претседателските избори од Франсоа Оланд во вториот круг, со разлика од три отсто од гласовите.

Никој не предвидуваше блескава кариера на Саркози во детството и раната младост, бидејќи тој не беше особено заинтересиран за училиште.

Во 1967 година го повторил шестото одделение, по што се запишува во приватно училиште, каде добива и средно образование. Студирал право на Универзитетот во Париз Тен во Нантер. Во студентските денови се заинтересирал за политика и се приклучил на десничарската партија Сојуз на демократите за Републиката.

Од 1983 до 2002 година беше претседател на париската општина Ноји, а потоа стана министер за внатрешни работи во владата на Жан-Пјер Рафарен, што според некои мислења му донесе голема популарност. Во тоа време, повеќето Французи, поради нестабилната меѓуетничка ситуација и конфликтите со полицијата, Саркози го гледаа како лидер кој може да „воведе ред“.

Две години подоцна, тој беше избран за министер за финансии и лидер на партијата Обединето народно движење (УМП). Тој повторно го презеде Министерството за внатрешни работи во јуни 2005 година, што му донесе значителни политички поени. Ова му овозможи да го победи својот ривал Сеголен Ројал од Социјалистичката партија на претседателските избори на 16 мај 2007 година.

Никола Саркози е роден на 28 јануари 1955 година во Париз. Неговиот татко Пол Саркози де Наги-Боше има унгарско потекло, а неговата мајка Андреа Мала е Французинка.

Од два брака ги има синовите Пјер, Жан и Луис. Во февруари 2008 година, тој се ожени со италијанско-француската кантавторка и поранешна манекенка Карла Бруни. Двојката Бруни-Саркози е позната по своите хедонистички навики, вклучувајќи купување авиони, недвижен имот и накит.

Тие се познати по еден од најскладните парови, а Карла својот сопруг го нарекува „Праска“.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен