Пожарот во Министерството за правда го предизвикал човек
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2018 08:36
Човечки фактор е причина за избувнувањето на пожарот во Министерството за правда, материјалната штета се проценува на 100.000 евра, а изгореле и важни документи, дознава „Независен“.
Од полицијата потврдиле дека по извршениот увид сите потребни докази ги предале до обвинителството.
Според сознанија на овој медиум, пожарот на четвртиот кат од зградата на Министерството избувнал по вертикална линија заедно со канцелариите на министерот Билен Саљији и на заменикот Оливер Ристовски.
„Заменикот е на третиот кат, а министерот, кој, иако е во оставка, сѐ уште ја извршува функцијата, е на петтиот кат. Пожарот избувна околу 16.40 часот, значи по истекот на работното време, но и Саљији и Ристовски беа на своите работни места, па веднаш беа евакуирани“, велат вработени во Министерството.
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




