ПОЗНАТ БЕЗБЕДНОСЕН ЕКСПЕРТ ОД АЛБАНИЈА - со Македонија сите се мајтапат, ја направивме салата, ова е неправедно
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2022 19:21
Вистината е тоа, дека со Македонија, простете ми за изразот, сите се мајтапат. Кога беше историјата, Грција ги условуваше со името, овие другите ѝ го условуваат јазикот, Еди Рама вели дека е западна Бугарија, Србија ја условуваше црквата. Дали овие граѓани таму кои ќе станат дел од ЕУ имаат некакви права? Проблемот е што цела Македонија ја ставивме на средина и ја направивме како салата, изјави Илир Кула, експерт за безбедност од Албанија.
Еден од најпознатите експерти од областа на безбедноста во Албанија, Илир Кула, со оценка дека ова што се случува со Северна Македонија е потсмев и оти е неправда која не ја заслужува.
Говорејќи за бугарското вето, што го условува отворањето на преговорите со Северна Македонија и следствено со Албанија, Кула рече дека „секој поставува услови за Северна Македонија, без разлика на правата на граѓаните кои живеат таму“.
Додава, дека „проблемот е штоѝ се прави на Македонија“, и дали „македонската Влада ќе го прифати падот“, како и дека Албанија е жртва на ова и не треба да се условува.
– Бугарија го одобри францускиот план. Сега доаѓаме до делот каде што зборуваме за средината, бидејќи во Скопје има политичка дебата, а политичката дебата во Скопје од страна на премиерот е дека не го прифаќаат францускиот план. Повторувам, ние сме земени како заложници, за политичко прашање кое нема врска со Албанија, таа е жртва на ова и не треба да се условува. Ова е вистината, сакал некој да признане или не – посочува Кула.
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




