12 Мај, 2024
0.0270

Познатиот „Хафингтон пост“ со приказна за Македонија

Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Со живописни села, вински регион, скромни планини, прекрасни езерски одмаралишта, Македонија е богата со историја, прекрасни пејзажи, поволна за туристи со љубезни домаќини.

Подмладен после земјотресот во 1963 год. главниот град Скопје е шармантен, космополитиски град.

Откако годинава беше наведена како едно од 50-те места кои треба да ги посетите од страна на весникот „Њујорк Тајмс“, оваа земја со корени кои допираат од времето на Александар Македонски нуди 10 причини зошто треба да ја посетите, наведува  „Хафингтон пост“ во приказната за Македонија.

Македонија е комбинација на старото и новото, со нови, монументални згради крај брегот на реката Вардар во Скопје, преку која минува историскиот Камен мост, кој ги поврзува модерните трговски центри со преполниот Стар Град", пишува новинарката Шерон Хоуг во „Хафингтон пост“.

За можностите за сместување, „Хафингтон пост“ вели дека е лесно да се резервира место во хотел преку интернет, при што цените во модерниот хотел Буши во Скопје се околу 100 долари за ноќ, додека во Инекс Дрим во Струга - околу 50 долари. Како манифестации кои треба да се посетат, наведени се карневалот во Вевчани, Галичката Свадба, прославата на Свети Трифун, Охридскиот маратон, Прилепскиот пивофест, Скопскиот џез фестивал и многу други.

За домаќините на Македонија оваа интернет страница вели дека се топли, љубезни и отворени кон странските туристи, вклучително и Американците, и повеќето зборуваат барем малку англиски, но исто така и германски, италијански, албански...

Друга причина за Хафингтон пост која ја наведува како плус за да се посети нашата земја е храната, од евтините улични продавници на брза храна до поквалитетните ресторани, кои сепак се достапни за странските туристи.

„Пробајте ја шопската салата, со краставички и патлиџани прекриени со вкусно солено бело сирење, и не заборавајте на гравчето печено во мали керамички садови", препорачува авторката. За љубителите на природата, Македонија нуди можности за пливање, кајак, скијање, планинарство, спелеологија, риболов, нуркање, параглајдери... „Хафингтон пост“ ги повикува читателите да не пропуштат да се качат до Милениумскиот крст на планината Водно.

Виното, според „Хафингтон пост“, е уште една причина да се посети Македонија, каде источните делови на земјата забрзано стануваат препознатливи како вински регион. Друга причина е храната, од евтините улични продавници на брза храна до поквалитетните ресторани, кои сепак се достапни за странските туристи.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“