25 Април, 2024
0.1217

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата немаат против Ангеловска Бежовска да е нов гувернер на НБРМ

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата во понеделник на координација ќе го разгледа предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, вицегувернерката Анита Ангеловска Бежовска да биде новиот гувернер на Народната Банка на Република Македонија.

„Во изминатите неколку седмици се надевавме дека ќе се изнајде решение помеѓу претседателот Иванов кој го има правото да предлага гувернер на НБРМ и Парламентот, кој го избира гувернерот со мнозинство гласови од пратениците.

Станува збор за исклучително значајна позиција во Република Македонија, поради што личноста што ќе застане на чело на НБРМ мора да произлезе преку здрав и аргументиран дијалог помеѓу највисоките државни функционери, за да се дојде до заедничко прифатливо решение за гувернер.

На позицијата гувернер потребно е да застане човек кој ќе ја гарантира независноста на институцијата, кој ќе се грижи за развој и унапредување на банкарскиот систем и за финансиската стабилност на државата, и кој ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата  позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов. Лично сметам дека г-ѓа Ангеловска Бежовска, којашто е докажан експерт и професионалец во својата област,  ја заслужува нашата поддршка.

Само да потсетам дека не така одамна, лани летото, ние како пратеничка група го искажавме нашиот афирмативен став и ја дадовме нашата поддршка за г-ѓата Анита Ангеловска Бежоска, кога го поддржавме и гласавме за нејзиниот реизбор на функцијата Вицегувернер(ка) на НБМ“, кажа  координаторот на ПГ на СДСМ и Коалицијата Томислав Тунтев.

 Имајќи ја предвид нејзината импозантна биографија, богатото искуство и нејзините професионални постигнувања, јас воопшто не се сомневам дека генералниот став на нашата пратеничка група во врска со овој предлог ќе остане непроменет - дека ќе биде позитивен и дека само ќе биде потврден на претстојната координативна средба на пратеничката група, вели Тунтев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот