16 Јануари, 2025
0.0326

Пратениците прашуваат, Јанева им одговара!

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Образложение од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на одговорите од пратениците за шестмесечниот извештај за работата на СЈО се случува токму во моментот во Законодавниот дом.

Пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и пред други заинтересирани пратеници, Јанева истакна дека е прв јавен обвинител кој презентира извештај во Собранието и нејизиното присуство значи доказ колку таа ја почитуваа институцијата каде се носат сите закони .

Таа од пратениците кои се дел од законодавниот дом побара неколку работи.

Да се направат измени на членот 22  од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за да се пролонгира рокот за работа на ова обвинителство, за да може да истражи кој незаконски прислушувал.

Потоа да се донесат измените на Законот за заштитени сведоци за да може СЈО автономно да постапува во заштитата на сведоците и да се имплементираат препораките упатени во мислењето на Венецијанската комисија во однос на Законот за заштита на приватноста.

Прв за реплика и прашања кон специјалната јавна обвинителка се јави пратеникот од владечката гарнитура Илија Димовски кој ја повика Јанева да одговори за повеќе прашања кои се дел од извештајот, но и на прашања кои се наметнале во јавноста, а се поврзани со нејзиното работење.

„Како е можно од сите прислушувани разговори кои ги имате добиено, а за кои лидерот на опозицијата Зоран Заев велеше дека во нив тој е најзастапен, вие да имате отворено случај само против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, а не и против градоначалникот на Струмица, Заев, за кој исто така постојат индиции за сторен криминал во организирањето на превозот на ученици“, праша Димовски.

Тој исто така побара и одговор за тоа како се трошат парите во СЈО, колку од средствата се наменети за плати на обвинители и хонорари на соработници. Димовски праша за разликата во бројот на прислушувани материјали објавени од лидерот на СДСМ во однос на тоа колку вакви разговори поседува СЈО, потоа за постапувањето на СЈО при приведувањето на градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко и други прашања.

Наспроти Димовски пратеникот на опозицијата Петре Шилегов рече дека ќе направи се пратениците да ги прифатат нејзините барања.

„Госпоѓо Јанева, во вашето излагање до пратениците доставивте три барања. Од мене лично, а потоа и од политичката партија и коалиција на која што припаѓам како човек, ќе ја добиете поддршката за измени на законските решенија. Ќе направам се, без оглед колку уличарски да делуваат некои дофрлања и кај овие луѓе да се обидам аргументирано да им укажам на таквата потреба. Особено затоа што сакам да го ценам тоа што тие го тврдат, дека се целосно невини и дека вашата работа не се заснова на факти и аргументи“, истана Шилегов.

Тој ги повика пратениците од власта ако навистина сметаат дека се невини да ги прифатат измените кои ги побара со Јанева, со што само ќе покажат дека не се виновни, во спротивно, ќе покажат дека се поддржувачи на обвинетите.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пак, побара пауза и како што рече, по паузата ќе одговори на сите прашања кои што беа поставени и кои што подоцна ќе и ги постават пратениците.


Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено