Преамбициозно е во Софија да се очекува решение за спорот со името
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 07:37
Премиерот Заев вели дека е преамбициозно да се соопшти решение за името на претстојниот состанок со грчкиот колега Алексис Ципрас на Самитот во Софија.
Коментирајќи ги тврдењата на грчките и македонски медиуми дека се очекуваат клучни одлуки во врска со името, Заев кажа дека тоа не е состанок од кој тоа може да се очекува и дека не знае кога ќе бидат следните разговори на ниво шефови на влади.
-Состанокот со Ципрас е на маргините на ЕУ самитот. Таму ќе бидат сите премиери на ЕУ и земји од западен Балкан како кандидати за членство во ЕУ. Уште немам точен термин кога ќе биде состанокот, но знам дека грчката страна потврди дека пред крајот ќе најдеме време да се видиме-појасни премирот.
Премиерот рече дека конечен одговор околу името очекува до крајот на јули, но не во секој случај и по секоја цена.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




