Пред судот се собираат симпатизери на Груевски
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2018 12:47
Пред Кривичниот суд во Скопје во моментов е собрана група од околу 50 – тина поддржувачи на екс-премиерот Никола Груевски кои ја чекаат пресудата за случајот „Тенк“. Меѓу нив се и поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Конески, екс-градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и уште неколкумина инволвирани во судскиот предмет за нарачаните шамари во општина Центар.
Собирот се случува само неколку минути пред изрекувањето на пресудата за поранешниот премиер Груевски, во случајот на СЈО под кодно име „Тенк“, а се однесува на набавка на скапо возило „мерцедес“.
За истиот предмет, обвинет е и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој пак, вчера беше осуден на деветгодишната затворска казна за случајот „Триста“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




