17 Декември, 2025
0.0514

Предраг Петрушевски: Заев заборава дека многу деца нема кој да ги прехрани, бидејќи нивните родители загинаа во заседи

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2018 06:35

Добивај вести на Viber

Зоран Заев со изборот на Џезаир Шаќири Хоџа за советник, испиша уште една антимакедонска страница во своето владеење, вели за Фактор, претседателот на Здружението на бранители „Куманово 2001“, Предраг Петрушевски – Бинго кој учествуваше во борбените дејствија во Кумановско- липковскиот регион.

Тој како и многу граѓани е изненаден од одлуката Хоџа кој инаку е поранешен припадник на ОНА  и поранешен пратеник да биде ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот за период од една година при што ќе добива плата од 36.000 денари.

„Пред да биде премиер Заев изјави дека на СДСМ не им личел патриотизмот и дека огромна грешка им било што дале поддршка на Законот за бранителите. Со назначување на Хоџа, само даде потврда на изјавата“- вели Петрушевски.

За објаснувањето кое вчера за медиумите го даде премиерот Заев при што кажа дека Хоџа ќе биде од помош и дека имал многудетно семејство, па затоа ќе може да си го заработи лебот чесно, Петрушевски потсетува дека не се води грижа за децата на бранителите.

„Хоџа имал многудетно семејство, и требал да ги прехрани,  Господ здравје да им даде. Но, Заев заборава дека многу деца нема кој да ги прехрани, бидејќи нивните родители загинаа во заседите и нападите 2001-та, организирани од Хоџа. Но, бранителите се горди луѓе и не плачат, туку стискаат заби и продолжуваат со својот секојдневен живот“- вели Петрушевски.

Бранителот смета дека секако можело за таа позиција да се одбере соодветен кадар, со соодветно образование и искуство.

„Хм, дали има посоодветна личност за советник? Па, покрај толку граѓани со професорски титули и со теренска подготвеност, мојот одговор е секако да. Има многу Албанци кои се посоодветни за таа функција и не само Албанци, туку и сите други“- вели Петрушевски.

Тој додава дека бранителите никогаш не жалеле и не се покајале што застанале на браникот на Македонија во 2001 годна, а сигурен е дека ако повторно би затребало, ниеден од нив  не би се двоумел повторно да земе оружје и да тргне во борба за одбрана на сè што е македонска вредност.

Заев кажа дека нема предрасуди и дека Хоџа може многу да помогне доколку има екстремистички групи во Танушевци.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека не може Заев да го плаќа Хоџа од народни пари и дека ако сака да го згрижи подобро е да го вработи во неговите семејни фирми. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски повика да се раскине договорот за вработување, и додаде дека Хоџа е на американската црна листа.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6