21 Ноември, 2024
0.0504

Преку STEMployability до зголемени шанси за вработување на студентите по инженерство

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Минатата недела во просториите на Машинскиот факултет Скопје, беше одржан вториот блок обуки од проектот STEMployability.  Овој проект има за цел да ја зголеми самодовербата и подготвеноста кај студентите по инженерство за интервјуа за работа, што доведува до повисоки стапки на вработување.

Во текот на оваа програма, планирани се неколку серии дводневни обуки за вкупно 100 учесници од обучувачи од Хрватска и Македонија. Методологијата е инклузивна и прилагодена на различните знаења на студентите, а секој учесник добива електронска форма на книгата „Како да се вработите“ од Гордана Фргачиќ од Хрватска. Преостанатите две дводневни обуки ќе бидат одржани во првата половина од 2025. година.Термините за нив ќе бидат дополнително објавени на сајтотhttps://stemployability.mk/

Крајната цел на проектот е да им се помогне на студентите по инженерство да бидат покомпетентни на пазарот на трудот и да се претстават себеси на што подобар начин.

Учесниците кои се дел од STEMployability за време на обуката самите креираат професионална биографија користејќи го форматот EUROPASS, со цел да имаат готова биографија веднаш после завршувањето на обуката, а сето тоа под водство и насоки од страна на тренерите на обуката.

Покрај тоа, учат како да создадат професионален впечаток во текот на интервјуто за работа, користејќи ги сите сегменти на комуникацијата. Воедно, им се посочува и кои се потенцијалните прашања коишто можат да им бидат поставени за време на интервјуто, и како да успеат во центрите за проценка (Assessment centers).

Следејќи ја визијата Еразмус+ програмата, за поттикнување еколошки и одржлив начин на размислување, на пролет студентите ќе бидат активно ангажирани во создавање позелена површина околу инженерскиот кампус во Скопје.

Зад проектот STEMployability, стојат „Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење“, друштвото за развој на човечки потенцијал и консалтинг „Хоризонт Интернационал“ и хрватската консултантска компанија „Treći Gabrijel d.o.o„.

Проектот е финансиран од страна на Европската Унија. 

Сите информации поврзани со проектот можете да ги најдете на https://stemployability.mk/

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“