17 Декември, 2025
0.0945

Премиерот очекува поголема ликвидност на фирмите со новиот закон

Објавено во: Економија 20 Септември, 2013 15:20

Добивај вести на Viber

Законот за финансиска дисциплина според премиерот Груевски е одговор на барањата на бизнис заедницата и ќе овозможи поголема ликвидност на деловните субјекти и ќе помогне во реализацијата на нивните планови за развој.

- Со законот ќе се стави еден ред, една финансиска дисциплина во плаќањето на обврските помеѓу сите претпријатија во Македонија, а вклучувајќи ги државните претпријатија. Тоа ќе помогне и за поголема ликвидност и поголема доверба меѓу субјектите и секако ќе помогне во реализацијата на нивните планови за развој. Сега многу пати се случува самите компании да ги стават во прашање нивните развојни планови или воопшто не ги започнуваат несигурни во тоа дали плаќањата ќе им бидат извршени на време и дали ќе имаат можност да си го реализаираат тоа што го замислиле. Така што ќе дојде до една комплетно нова ситуација што верувам дека многу ќе им помогне на фирмите, рече Груевски по промовирањето лабораторија за изучување странски јазици и преведување и толкување, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.   

Тој посочи дека овој Закон подолг период беше баран од стопанските комори и од бизнис секторот за што разговарале година-две. Истакна дека практично тие не барале закон туку некој начин да им се помогне околу тој дел, бидејќи фирмите сами помеѓу себе многу си должат. Делот каде што државата должи, потсети, се надмина со интервенциите и мерките што ги презема Владата.

- Огромното доцнење во плаќањето меѓу самите фирми не е секогаш заради неликвидност туку заради  некаква стекната култура на овој простор да не се плаќа на време, да се доцни, да се чуваат парите до максимално можен момент додека не почнат судски постапки, некогаш се почнуваат и судските постапки. Ние доста размислувавме на оваа тема, баравме меѓународни искуства и создадовме еден закон кој што треба да ги реши овие проблеми на стопанствениците со кои доцнењето ќе биде сериозно казниво во пари, така што ќе стане и неисплатливо, вели премиерот Груевски.

Со законот се предвидени одредби со кои плаќањата ќе треба да бидат до 60 дена, во исклучителни ситуации кога двете страни се договорени ќе може да биде до 120 дена. Исклучок е Фондот за здравство кој што само во првите две години ќе има малку подолг рок, но веќе во третата година ќе треба да влезе во оваа рамка во која што влегуваат и сите државни и јавни институции.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди