Претепан првиот човек на охридската и македонската капетанија
Објавено во: Македонија 30 Август, 2022 13:01
Првиот човек на охридската и македонската капетанија, Горан Устијаноски, завчера во Охрид бил физички нападнат од две лица, соопшти полицијата.
Според МВР, капетанот бил нападнат пред хотел во центарот на градот. Устијаноски е со повреди на лицето и телото, а нападот сам го пријавил во полиција.
„На 28.08.2022 во 14.00 часот во СВР Охрид, Г. У. (40) од Охрид пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид“, соопшти МВР.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




