ПРЕТРЕСИ ВО СТРУМИЦА, СКОПЈЕ И ГОСТИВАР: Дали се на удар блиски луѓе на Заев?
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024
Според непотврдени информации во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и управата за јавни приходни, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар, дознава Канал 5 од извори во МВР.
Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми кои функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници.
Медиумите пишуваат дека се работи за лица блиски до екс премиерот Зоран Заев.