16 Декември, 2025
0.0613

Претседателот Иванов го прими македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ

Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2014 18:26

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска гo прими македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ, по повод неодамнешното освојување на врвот К2, на Хималаите. Претседателот Иванов му честиташе на Здравко Дејановиќ кој е првиот алпинист од Република Македонија што го освојува К-2, еден од најопасните планински врвови во светот.

„Секој ваков успех е за почит и претставува мотив за нови достигнувања. Вие најдобро знаете дека освојувањето на секој врв е огромен предизвик кој може да се совлада само со верба во себе, посветеност и со пожртвуваност. Среќен сум што нашата земја има безброј вакви позитивни примиери, затоа што спортските успеси се тие со кои сите млади луѓе се идентификуваат", рече претседателот Иванов, додавајќи дека и во иднина ќе продолжи безрезервно да ги поддржува ваквите успеси. Дејановиќ се заблагодари за укажаната чест и внимание од македонскиот претседател, и ги сподели впечатоците и искуствата од искачувањето на Хималаите, како една од најсуровите планини во светот, и од врвот К2, кој досега го искачиле само 300 планинари во светот. Нашиот алпинист истакна и дека Република Македонија нуди прекрасни предели за развој на планинарството и алпинизмот и дека тоа треба максимално да се искористи. „Важно е човек да си ги знае своите лимити и во согласност со нив да си ги поставува целите. Почнав со малите планини, чекор по чекор, скалило по скалило дојдов до највисоките врвови. Со последното достигнување навистина се чувствувам исполнето, и за следната година планирам нови подвизи", изјави алпинистот, Дејановиќ. Здравко Дејановиќ во 2010-та го освоил Монт Еверест, а мината година се обидел да го совлада и К2, но времеските услови не го дозволиле тоа. Годинашното достигнување беше дел од меѓународната експедиција сочинета од Иранецот Реза Шахале и Шерпасот Мингма Гајле.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“