ПРЕВРТЕНИ ТЕЗГИ, ОГРОМНИ ШТЕТИ, ДРВЈА ПО КОЛОВОЗИТЕ, ЗА СРЕЌА НЕМА ПОВРЕДЕНИ - се расчитува теренот по невремето во Делчево
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2022 21:48
Невремето кое вечерва го зафати Делчево предизвика голема штета на Градскиот пазар, урнат е дел од кровот на училиштето „Ванчо Прке“, повеќе улици се под вода и се непроодни, а дел од градот е сеуште без струја.
Поради расчистување на штетите сообраќајот на магистралата А3 од градот кон Македомнска Камнеица се одвива отежнато.
Градскиот пазар во Делчево е во многу лоша состојба по невремето кое се случи денеска околу 19:30 часот. Тезгите се превртени, предизвикана штета е огромна. Во близина е и ОУ „Ванчо Прке“ каде што е урнат дел од кровот од невремето.
Улицата пред училиштето е блокирана поради искршените лимови од силниот ветер паднати на коловозот. Екипи на Комуналното претпријатие се веќе на терен и се интервенира на отстранување на паднати дрвја. Дел од градот нема струја, поточно делот од левата страна на река Брегалница кој е во мрак.
Директорот на Комуналното претпријатие „Брегалница“ Стојче Стојковски за МИА изјави дека според првичните информации од оддлението за ППЗ, од нивните согледувања на терен, како и од информациите од Полициската станица во градот се дека прироритет во моментов е расчистување на коловозите од градот кон граничниот премин, како и на паднати дрвја кои се регистрирани на многу места.
-Во координација сме со сите служби, со Центарот за управување со кризи. Работиме со сите наши капацитети, на терен се сите вработени. Приоритет е расчистување на сообраќајниците, освен таму каде што има паднати електрични столбови каде се работи во координација со кои го одржуваат јавното осветлување за да може безбедно да се пристапи кон нивно отстранување, рече Стојковски.
Тој додаде дека засега нема информации дали околните села настрадале од невремето, а засега нема информации ниту за повредени.
Поради невремето, кое е вели, незапаметено досега, без струја е филтер станицата во Тработивиште и водоснабдувањето во моментов се врши исклучиво преку браната Лошана, па се препорачува до граѓаните водата да не ја користат за пиење.
Тој упати апел до граѓаните да останат смирени и да информираат доколку има потреба за интеревенции од страна на јавното претпријатие.
Пратеничката Соња Михаиловска, која е лекар по професија, за МИА потврди дека според информациите добиени од Итната медициснка помош во Делчево, засега нема повредени.
Се очекува вечерва да се одржи состанок на надлежните институции со цел да се утврдат понатамошните дејствија за санирање на штетите од невремето.
Видео Сител, фото Принтскрин
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




