16 Декември, 2025
0.0400

Презентирана инвестициона програма на ЕВН за развој на дистрибутивна мрежа во гостиварскиот регион

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2015 15:44

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија ја презентираше инвестиционата програма за развој на дистрибутивната мрежа во гостиварскиот регион. На прес конференција заедно со локалната власт беа промовирани реализираните проекти и беа најавени идните чекори за развој на дистрибутивната мрежа.

ЕВН изгради две нови трафостаници во селата Дебреше и Добридол со што се подобрија напонските прилики и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од овие населени места. Изградена е над 20 км нова дистрибутивна мрежа на среден и низок напон и над 30 км од постоечката е целосно реконструиранa.

Заменети се старите проводници со нови со поголем пресек и заменети се над 220 стари дрвени со нови бетонски столбови. ЕВН Македонија ја реконструираше и ја надгради дистрибутивната мрежа во индустрискиот регион на Гостивар со што директно го подржува развојот на индустриските зони. Вкупната инвестиција досега изнесува над 260 000 евра.

Градоначалникот на Општина Гостивар, г. Невзет Бејта, е задоволен од соработката со ЕВН и истакна дека секоја инвестиција е добредојдена за развојот на овој регион.

Посочи дека редовното плаќање на сметките ќе придонесе за зголемување на инвестициите во мрежата со што и развојот и стабилноста во снабдувањето постојано ќе се зголемуваат.

ЕВН ќе продолжи да ја развива и модернизира дистрибутивната мрежа во гостиварскиот регион со цел задоволување на потребите на индустријата и домаќинствата. Наша примарна цел е сигурност и квалитет во снабдувањето со електрична енергија, изјави д-р Игор Гиевски член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

За 2015 година ЕВН планира нови инвестиции во дистрибутивната мрежа во гостиварскиот регион. Ќе се градат нови трафостаници во селата Чегране, Питарница, с.Балиндол, с.Здуње, Нас.8 Зона, с.Неготино. Ќе се реконструираат 9 од посточките трафостаници во гостиварскиот регион и ќе се реконструира во целост далекуводот на среден напон Лакавица,-Куново-Трново.

Покрај ова ќе се инвестира и во редовното одржување на мрежата, замена на оштетените делови и кастрење на вегетацијата околу главните далекуводи во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави