18 Декември, 2025
0.0670

ПРИЧИНА Е ЛАВРОВ: Не само Украина, туку и балтичките земји ќе го бојкотираат Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2023 14:49

Добивај вести на Viber

Балтичките држави ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради присуството на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. 

Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, доколку присуствува и Лавров. Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна наведе дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“. Вели дека местото на Лавров е на специјален трибунал, а не на масата на ОБСЕ. Кажа дека треба веднаш да се стави крај на агресијата врз Украина, да се повлечат руските трупи од окупираните области, да се плати компензација за уништувањето и да се повикаат на одговорност криминалците.

„Присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на нашата заедница на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледното руско кршење и презир на основните принципи и обврски на ОБСЕ“, стои во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на трите балтички земји.

Претходно, и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба објави дека нема да дојде на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје поради присуството на Сергеј Лавров.

Неизвесно беше дали Лавров ќе дојде во Скопје, но Бугарија соопшти дека ќе дозволи прелет на неговиот авион. Лавров претходно пишал писмо до македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи дека сака да присуствува на Министерскиот состанок на ОБСЕ. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска кажа дека не гледа причина зошто Лавров би дошол во Скопје, затоа што Русија се меша во внатрешните работи на други земји и врши агресија врз Украина. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Македонија е една од многу земји која испрати оружје во Украина. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери