05 Декември, 2025
0.0878

ПРИХОДИТЕ ИМ СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ЗА 25 ОТСТО – најголем трошок имаат за лицата кои остануваат без работа, еве како работела АВРСМ минатата година

Објавено во: Финансии 19 Септември, 2025 07:40

Добивај вести на Viber

Приходите во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во текот на минатата 2024 година се зголемиле, благодарение на растот на приходите од вработувањата, односно од растот на придонесите за вработени лица во земјава.

Паралелно со растот на приходите се зголемиле и расходите, но зголемувањето на приходите е многу повисоко отколку кај расходите.

-  Вкупните приходи на АВРСМ во периодот јануари – декември 2024 година изнесуваат 6.967.025.145 денари. Во однос на истиот период од 2023 година бележат зголемување од 25,5 отсто или за 1.416.155.341 денари.

Во периодот јануари – декември 2024 година расходите на АВРСМ изнесуваат 3.265.996.880 денари. Во однос на истиот период од 2023 година, расходите бележат зголемување за 9,4 проценти, или за 280.122.296 денари – се потеницра во годишниот извештај на АВРСМ.

Во него е посочено дека во периодот јануари – декември 2024 година приходот од вработување, чија стапка е 1,2 отсто на бруто плата, изнесува 4.328.780.351 денари. Притоа овие средства се зголемиле за над 493 милиони денари. Другите приходи во АВРСМ се неданочни приходи, од осигурување на имот, од закупнини, или од камата за ненавремено плаќање придонеси за вработување.

Од претходната година пренесени се 2.564.995.220 денари во вкупните приходи или 36,82 проценти од вкупните приходи за ланската година.

Најголема ставка во трошоците на АВРСМ се средствата за обезбедување паричен надомест и други права за време на невработеност. Само за оваа ставка биле потрошени 2.917.290.021 денари. 

Следна ставка со најголем уддел во трошоците на Агенцијата е ставката за плати.

-  Во периодот јануари – декември 2024 година за основни плати, придонеси за социјално осигурување и данок на личен доход од плата е исплатено вкупно 249.507.934 денари и во однос на истиот период од 2023 година бележат зголемување од 8,9 отсто. Во структурата на вкупните расходи овие расходи учествуваат со 7,64 проценти. Во вкупните расходи учеството на основни плати е 5,1 отсто, а на придонесите и данокот на личен доход од плата  е 2,54 проценти – се посочува во извештајот.

Грубите пресметки велат дека вработените во Агеницијата делат по неполни 800 евра, ако се има предвид дека согласно извештајот таму минатата година работеле 444 лица.

Сепак, имајќи ја предвид систематизацијата на работните места, јасно е дека дел од вработените имале повисоки, а друг дел пониски плати.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување