Прилепчанец празнично „изгреба“ Пасат од лозот Среќни тркала
Објавено во: Мои пари 12 Октомври, 2016 11:37
Тимот на Државна лотарија на Македонија празникот 11-ти Октомври го прослави во Пилеп , заедно со многуте верни играчи на инстант лотаријата Среќни Тркала. Прилепчани и овој пат се покажаа како упорни трагачи по среќата , па преку игра и забава со Среќни Тркала и другите инстант лозови на Државна лотарија на Македонија дојдоа до парични добивки , вредни подароци, но и до автомобил Пасат.

Дејан Спасески стана добитник на главната премија автомобил VW PASSAT , купувајќи неколку инстант лоза Среќни Тркала , од среќното место АЈ НИКА , кое е лоцирано во центарот на Прилеп. Дејан беше пресреќен и заедно со своето семејство го прославија празникот во ведра и весела атмосфера, сите заедно со својот нов автомобил. Инаку Дејан не е редовен играч на инстант лотарија , но на сите им порача дека треба да веруваат во среќата и понекогаш да изгребат по некој инстант лоз, бидејќи САМО КОЈ ИГРА , ТОЈ И ДОБИВА.
Само за потсетување, инстант лотаријата Среќни Тркала е инстант лоз кој е во продажба од 24.10.2015 година, и нуди 7 автомобили VW PASSAT , како главна премија , но тука се и паричните добивки од 30 до 50.000 денари. Не пропуштајте ја шансата за само 50 денари да стигнете до некоја атрактивна добивка од овој инстант лоз.
Можеби ќе ве интересира
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА




