Прилепчанец заврши во притвор откако повреди полицајци бегајќи им со возило
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2018 11:25
30 годишен Прилепчанец заработи притвор откако повредил двајца полициски службеници кои си ја извршувале должноста.
Имено, Б.Ј бил забележан од полициски службеници на патот Прилеп-Битола како управува патничко возило „Опел Омега“ со велешки регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво.
Според МВР полицајците се обиделе да го сопрат возилото, но возачот ја зголемил брзината и притоа повредил двајца полициски службеници.
Набргу потоа, возилото било запрено од друга полициска патрола а возачот бил приведен во Полициската станица Прилеп.
Повредените полициски службеници биле пренесени во Општа болница Прилеп а страна на Јавен обвинител на Б.Ј. му била изречена мерка притвор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




