Добивај вести на Viber
4 дена по пожарот во кој целосно изгореа конаците во прилепскиот манастир Трескавец, Синодот на Македонската православна црква седна на заедничка цедница за разговара за пожарои и следните чекори. Од МПЦ повикаа на итна обнова на манастирот, без притоа да дадат конкретни насоки. Тие побараа донации од сите епархии во Македонската православна црква со црквите и манастирите како во Македонија, така и во дијаспората согласно своите можности да помогнат во обновата на опожарениот манастирски комплекс Трескавец. Исто така ги повикаа и надлежните институциида побрзаат со неговата обнова.
На прашањето, зошто Манастирот не бил осигуран, викарниот епископ хераклиски г.Климент посочи дека неможеле да најдат заеднички јазик со осигурителните компании кои го пресметуваат ризикот на осигурувањето бидејќи станувало збор за икони, фрески од непроценливо значење.
„Повеќеслојни се проблемите на овој јазол кој треба да се расплеткува. Мораме да осигураме дел од она што може да се осигура. Веќе се доведуваме до прашање кој е следниот манастир на кој може да му се случи оваа ситуација. Не сме решени на отстапки туку на изнаоѓање ефикасно решение. Оние простории каде што нема икони од 14 и 17 век полесно се осигуруваат. Има предмети кои навистина се бесценети, рече г.Климент.
Прилепчани се мобилизираат, повикаа на акција
Во Прилеп се договорија активностите за почетокот на расчистувањето на изгорените конаци во манастирот Трескавец, отккао денеска во општината се одржа средба со фирмите и заинтересираните поединци кои сакаат да учествуваат во првата акција, што ќе се одржи в недела.
Според градоначалникот,Марјан Ристески сите кои сакаат да помогнат во расчистувањето, за поголема успешност и организираност на акциите, своето учество да го пријават на телефонскиот број 076/425-102 или на електронската адреса treskavec@prilep.gov.mk. Сите сопственици на теренски возила кои сакаат да се вклучат во акцијата, можат да се пријават на истиот телефонскиот број и на истата електронска адреса.
Ристески најави дека е подготвен план за расчистување на изгореното во манастирскиот комплекс. Овие акции ќе бидат континуирани, се додека постои реална потреба. Ќе бидат вклучени доброволци, претставници од локалната самоуправа, јавните претпријатија, бизнис секторот, невладиниот сектор и граѓаните.
Поаѓањето за неделната работна акција е во 7 часот, пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, а организираните групи ќе ги придружуваат и планинарите од планинарското друштво „Картуш“.