ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце
Објавено во: Македонија 24 Април, 2025 17:06
Косовски државјанин со италијански фалсификувани документи e приведен на граничниот премин Блаце.
„Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола. Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство“, велат од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




