17 Декември, 2025
0.0598

Притвор за албански државјанин осомничен за давање поткуп на Блаце

Објавено во: Македонија 27 Август, 2022 17:38

Добивај вести на Viber

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 43-годишен државјанин на Република Албанија за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 26 август, пристигнал на граничниот премин “Долно Блаце”, како заменски возач во автобус „Сетра“ со албански регистарски ознаки кој требало да транзитира низ земјава. На полициски службеник – раководител на смена на границата осомничениот му дал една банкнота во апоен од 50 евра со цел да го поткупи за да не изврши службено дејствие – пасошка контрола која се состои од проверка и евиденција на сите патници кои се превезуваат со автобусот. Настанот бил снимен со боди камера на полицаецот, а осомничениот веднаш бил лишен од слобода.

Предлогот за определување мерка притвор беше доставен до Основниот кривичен суд Скопје бидејќи постои реална опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.​

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери