Притвор за четворица во Тетово
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2018 12:51
Основното јавно обвинителство Тетово преку соопштение информира дека при подготовка на Посебниот предлог за Обвинителниот акт и Обвинителниот предлог за лицата инволвирани во вооружениот настан во Мала Речица е направен ненамерен технички пропуст.
Имено, како што наведуваат, во предлогот испратен до надлежниот суд стои дека јавниот обвинител кој работи на предметот предложил мерка притвор „до изрекување на пресудата“ за дел од лицата опфатени со обвиненијата.
– Нагласуваме дека се работи за превид и грешка од чисто техничка природа која веднаш е исправена и коригираните Обвинителен акт и Обвинителен предлог се испратени до надлежниот суд. Согласно ова направена е и исправка на информацијата за подигнатите обвиненија доставена до медиумите, наведуваат од ОЈО Тетово.
Во корегираната информација објавена на веб страницата на Јавно обвинителство на РМ, стои „Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово предложи на тројцата обвинети кои се лишени од слобода, како и на еден обвинет кој и натаму е во бегство да им биде продолжен притворот“.
Воедно, од Тетовското ОЈО потенцираат дека направениот технички пропуст не го загрозува текот на натамошната постапка.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




