Притвор за кумановецот кој ја уби охриѓанката - украдените пари ги потрошил во казино
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017 17:01
30 дена притвор и кривична пријава доби 37 годишниот кумановец Ј.К. за убиството на 67 годишната Спаса Бојоска од Охрид.
На 20 овој месец во 11.45 часот откако претходно се осигурал дека жената е сама во станот, земал една водоводна цевка, ставил бели хируршки нараквици на рацете и заsвонал на станот од неговата соседка.
Објаснувајќи и дека сака да го погледне распоредот на станот, таа му дозволила да влезе незабележувајќи дека има нараквици и цевка, и од ходникот на станот се упатила кон дневната соба.
Осомничениот од зад грб со водоводната цевка ја удрил неколку пати во пределот на главата и вратот по што таа паднала на подот. Веднаш потоа, започнал да пребарува низ собите, пронашол и одзел мобилен телефон и паричник во кој имало 3.200 денари.
Пред да го напушти станот, забележувајќи знаци на живот кај соседката и плашејќи се дека ќе биде откриен, се вратил во кујната каде пронашол нож со должина од околу 30 сантиметри со кој ја избол во вратот.
Откако ја убил 67 годишната жена, Ј.К. го напуштил станот, ја заклучил влезната врата и се упатил во казино.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




