Признание за тројца полицајци кои ги бранеа Заев и Спасовски
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2018 14:22
Полицајците Сашо Тасевски, Ацо Ангеловски и Љупчо Јаневиќ добија признанија од МВР на Денот на македонската полиција што беше организирано на стадионот во Штип.
Тројцата полицајци на минатогодишниот „крвав четврток“ на 27 април како дел од обезбедувањето ги бранеа премиерот Зоран Заев, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и останатите пратеници од парламентарното мнозинство при упадот на толпата во Собранието на РМ.
Признанијата им беа доделени во Штип каде што се прославуваше Денот на Полицијата, а се обратија Спасовски и Заев, додека наградите ги врачуваше заменик-министерот во МВР, Агим Нухиу, инаку тогашен прв човек на полицијата за време на упадот во Собранието.
По смената на власта, Тасевски беше назначен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа во МВР, Ангеловски беше поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР, а Јаневиќ началник на Единицата за обезбедување на Зоран Заев.
На стадионот во Штип пред публиката се изведуваа показни вежби и беа претставувани опрема и реквизити.Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




