11 Декември, 2025
0.0330

ПРОДАЖБАТА ДОМА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 48 ОТСТО, А ВО СТРАНСТВО ЗА 18 ПРОЦЕНТИ - еве како работеше „Реплек“ во минатата година

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2025 10:56

Добивај вести на Viber

Во текот на 2024 година компанијата Реплек АД го задржа трендот на пораст на приходите од продажба забележан претходните две години, надминувајќи ги проектираните цели од годишниот бизнис план со реализација од 100,5 отсто. За периодот од 1. јануари до 31. декември 2024 година, остварени се вкупни приходи од продажба од 1.919,6 милиони денари (31,2 милиони евра), што претставува раст од 24 отсто во споредба со претходната година, соопштија од компанијата.

Овој успех е продолжение на позитивниот тренд во сите четири квартали од минатата година и се должи на континуираниот раст на приходите од продажба на домашниот, како и на странските пазари. При тоа, приходите од продажбата на домашниот пазар се зголемени за 48% во однос на 2023 година, достигнувајќи 492 милиони денари (8 милиони евра). Во истиот период, приходите од продажбата на странските пазари забележаа раст од 18%, достигнувајќи вредност од 1.427,6 милиони денари (23,2 милиони евра). Најзначаен раст е забележан на пазарите во Југоисточна Азија (62%), регионот на ЗНД (22%) и Југоисточна Европа (24%).

„Овие резултати се доказ за посветеноста на нашиот тим и ефикасноста на нашата развојна стратегија. Во 2025 влегуваме со нова енергија и дополнителен мотив да продолжиме да создаваме вредност за вработените, акционерите и потрошувачите. Наша цел останува да го зајакнеме портфолиото на производи, да инвестираме во модернизација и да продолжиме да градиме цврсти односи со нашите партнери. Уверени сме дека со овој континуиран раст ќе продолжиме да придонесуваме за развојот на македонската економија“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на Реплек АД.

И во 2025 година Реплек АД влегува со амбициозни планови за натамошно зголемување на продажбата на странските и на домашниот пазар, на иновациите во своето портфолио на производи, како и на значителни вложувања во технолошкиот напредок и во развојот и добросостојбата на своите вработени кои се дел од долгорочна стратегија за одржлив раст и развој на компанијата. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?