Продолжува сагата на вработените во загубарите – инвеститори нема
Објавено во: Економија 19 Август, 2013 08:23
окови до кога ке чека потенцијални инвеститори за загубарите. Во игра за продажба се Охис, Еурокомпозит и ЕМО. Во моментот Владата не размислуваз продажба на Тутунскиот комбинат од Прилеп.
Од Министерството за економија за Фактор обелоденуваат дека иако хрватскиот инвеститор од Славонски Брод, Ѓуро Ѓаковиќ беше заинтересиран за прилепски Еурокомпозит, не успеал да достави понуда за тендерот во предвидениот рок. Од Владата барал продолжување на рокот за доставување понуди, но Владата не прифатила, туку распиша нов тендер минатата недела.
“Во претходната постапка за продажба на акциите на Република Македонија во 11 Октомври Еурокомпозит, една хрватска компанија подигна тендерска документација, но не достави понуда, бидејќи кратки беа роковите за да ја подготви понудата, поради што параа одложување на роковите. Одложувањето на јавниот повик не се направи, но се објави нов јавен повик за прибирање на понуди за продажба на аакциите на Еурокомпозит на почетокот од август“, објаснуваат за Фактор од Министерството.
Крајот на септември годинава е новиот рок до кога заинтересираните инвеститори за прилепскиот Еурокомпозит треба да достават понуди.
Според информациите во тендерот, овој загубар ќе се продава со 373 вработени и со сите 3.708.038 акции сопственост на државата. Заинтересираните инвеститори ќе треба да платата по 1.000 евра за да ја подигнат тендерската документација од Министерството за економија, најдоцна до 6 септември.
“За учество на тендерот ќе треба да се достави банкарска гаранција од 68.000 евра, бонитет за последните 3 години од по 2 милиони евра, програма за дополнителни инвестиции кои треба да ги реализира инвеститорот во период од 3 години, при што ќе се задржат на работа сите вработени. Дејноста на производството не смее да се менува“, стои во тендерот.
Нови тендери за спас на загубарите. До кога вака?!
Од Министерството за економија откриваат дека наскоро треба да се објави и нов тендер за охридскиот загубар ЕМО, кој првите три месеци од годинава ги заврши со минус од 200.000 евра. Каков е билансот на успех на загубарот за првото полугодине се уште нема податоци на Македонската берза.
За најмалку 10 посебни фирми во рамките на АД ЕМО најверојатно ќе се отворат стечајни постапки. Натрупаните побарувања се само една од причините за отпочнување на стечај и ликвидација.
Од Министерството за економија за Фактор неодамна објаснија дека доколку во стечајната постапка се подмират побарувањата од страна на доверителите, отпаѓа условот за отворање на стечај. Можноста за отворање на стечај за овие фирми не значи и стечај за целиот АД ЕМО.
“Стечајната постапка не се отвора директно по поднесениот предлог затоа што се води предходна постапка за утврдување на исполнетост на услови за стечај. Тоа значи дека доколку во таа постапка се намири побарувањето на доверителот отпаѓа условот за отворање на стечај. Исто така на крајот на предходната постапка е можно трет субјект да ги преземе обврските на должникот и во тој случај стечајната постапка не се отвора. Кога и кој доверител ќе поднесе предлог за стечај, зависи од неговите интереси и проценки и не е предвидлива ситуација“, велат од Министерството за економија.
Охис и ТКП со шестмесечна загуба од 4 милиони евра!
Додека Владата со години бара инвеститор за загубарите иникако да го најде, ЕМО, Охис, Еурокомпозит и Тутунскиот комбинат од Прилеп тонат во милионски загуби. Само хемискиот загубар Охис и ТКП за првите шест месеци направија загуба од 4 милиони евра. Според податоците објавени на Берзата, Охис првото полугодие го заврши со загуба од 2,5 милиони евра, а Тутунскиот Комбинат со 1,5 милиони евра. Овие загуби се за околу 30% поголеми споредено со истиот период минатата година, а главно се направени поради трошоци за вработени, потошен материјал и ситен инвентар.
Берзата се уште не нуди информации за тоа како ЕМО и Еурокомпозит ги завршија првите два квартали одгодинава.
К.П
Можеби ќе ве интересира
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно




