12 Мај, 2024
0.0247

Проект „Едукативна програма за осознавање на геноцидот врз Ромите и Синтите за време на 2-та светска војна“

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Здружението МИР од Скопје и Форум Цивилен Мировен Сервис од Германија со поддршка на Фондацијата EVZ „Remembrance, Responsibility and Future“и Амбасадата на Р. Германија во Македонија започнаа со имплементирање на проектот „Едукативна програма за осознавање на геноцидот врз Ромите и Синтите за време на 2-та светска војна“ во Македонија во периодот на март – април 2016 година.

Основна цел на проeктот е младите Роми да се стекнат со знаења и да ја увидат важноста на учењето за нивното минато како би се зајакнал нивниот идентитет и да ги поттикнат да се борат за човековите права и  против дискриминација.

Проектот започна да се имплементира во март 2016 година и ќе вклучи серија на активности како едукативни работилници за младите Роми и другите етнички заедници за направениот геноцид врз Ромите и Синтите за време на 2-та светска војна и како да се справат со дискриминацијата и кршењето на човековите права денеска.

Програма е дел од поголемпроект организиран во соработка со Амбасадата на Република Германија во Скопје. Од 16 до 16-ти април 2016 Амбасадата на Р. Германија во Скопје ќе ја презентира егзибицијата на Културниот центар на Германските Роми и Синти, која ќе се изложи во лобито на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски„  во Скопје. Егзибицијата „Холокаустот врз Ромите и Синтите за време на 2-та светска војна и расизмот во Европа„ има за цел да ја зголеми свеста за геноцидот на национал -социјалистите врз Ромите и Синтите за време на светска војна каде бе убиени приближно 500.000 луѓе од тие заедници. Стереотипите и расизмот врз Ромите се уште постои во Европа. За таа цел оваа егзибиција сака да ја покаже вредноста на минатото во обид да помогне во решавањето на конфликтот кој постои денеска.

Здружение  МИР е доброволна, непрофитна организација која е формирана 1998 година  за остварување поширок општествен интерес на ромското население, за подобрување на социо-економската положба на Ромите, на маргинализираните групи и етничките заедници како и  развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права.

Форум Цивилен Мировен Сервис (ForumZFD) е основан во 1996 година како непрофитна и непартиска организација за градење на мирот, стремејќи се кон една цел: ненасилна решавање и справување со конфликти. Форум ЗДФ реализира проекти во различни земји.  На Балканот, Форум ЗДФ работи од 2001 година со различни партнери од граѓанското општество, институции, науката, уметноста и културата, со цел да се иницира конструктивно справување со минатото, поддршка на граѓанското општество и меѓуетничкиот дијалог; и да воспостави образование за мир во Македонија и во регионот

Можеби ќе ве интересира

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?