13 Јуни, 2025
0.0335

„ПРОЕКТ КОЈ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА И ИЗВОЗ“ - еве ги деталите за новата фабрика на „Шахтерм“

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2025 13:58

Добивај вести на Viber

Првата фаза од изградбата на фабриката на компанијата „Шахтерм“ ќе изнесува 25 милиони евра, и со нејзиното отворање ќе бидат вработени 200 лица. Во иднина целосната инвестиција ќе достигне 50 милиони евра, а бројот на вработени да надминува 500. 

Ова го посочи претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски на поставувањето на камен-темелник на новата фабрика која се гради во ТИЗР Скопје. 

Денес, поставуваме камен-темелник на нова фабрика која претставува надеж и нов почеток.

Инвестицијата на компанијата „Шахтерм“ само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е инвестиција да изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.

Ова е проект што не само што ја развива економијата, туку и ја потврдува стабилноста и напредокот на нашата земја, со што ќе придонесе за зајакнување на македонската индустрија и извоз - посочи Мицкоски.

Премиерот исто така додаде дека последните економски показатели се охрабрувачки, индустриското производството во март 2025 година е пораснато за 5,2 отсто на годишно ниво споредено со март 2024 година. 

- Странските директни инвестиции за 2024 година достигнаа 1,255 милијарди евра, со што ја направија Македонија земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа.

Платите растат од 9 до 10 отсто на годишно ниво, што е знак дека се бориме против сиромаштијата и сме за зголемување на животниот стандард на нашите граѓани.

Во првиот квартал од 2025 година имаме раст на кредитната активност на бизнисите и граѓаните од 13 проценти коишто е за 6 пати повеќе од оној којшто е во рамките на Европската Унија.

И можам да заклучам со сите овие економски показатели, параметри Македонија е на добар пат да биде во најбрзо растечките економии во Европа - нагласи премиерот. 

Потоа дополни дека Владата дава максимални напори, и покрај хаосот кој го затекнале, секој ден се борат за секој човек и неговата иднина.

- Посебна благодарност и признание упатувам до Гоце Димовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, до неговата екселенција амбасадорот на Република Турција во Македонија, до членовите на Владата и на сите институции за нивната посветеност, професионалност и огромен придонес во реализирањето на овој проект.

Сакам да се заблагодарам и на сопственикот на компанијата „Шахтерм“, инвеститор во овој преубав објект коишто за неколку месеци од денес ќе биде реалност, затоа што ја препозна нашата земја како дестинација во којашто може да го развива својот бизнис и заедно да освојуваме нови пазари и нови континенти.

Денес поставуваме камен-темелник не само на една фабрика, туку и на нова иднина.

За Македонија која работи, се развива и напредува. Ви благодарам - кажа премиерот. 

Компанијата според најавите треба да изгради објект кој ќе надминува 13.000 квадратни метри.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје дава до 20.000 денари за купен инвертер, објавен е повикот

Град Скопје дава до 20.000 денари за купен инвертер, објавен е повикот

„САКАМЕ СОРАБОТКА, КОМУНИКАЦИЈА, САКАМЕ ДА ИМАМЕ ШТО ПОВЕЌЕ СРЕДБИ“: Муцунски за соседна Бугарија

„САКАМЕ СОРАБОТКА, КОМУНИКАЦИЈА, САКАМЕ ДА ИМАМЕ ШТО ПОВЕЌЕ СРЕДБИ“: Муцунски за соседна Бугарија

МВР: Уапсените полицајци не спречиле активирање на пиротехниката во „Пулс“

МВР: Уапсените полицајци не спречиле активирање на пиротехниката во „Пулс“

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 34 ЛИЦА ЗА ПУЛС: Истражна постапка против 13 полицајци поврзани со случајот

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 34 ЛИЦА ЗА ПУЛС: Истражна постапка против 13 полицајци поврзани со случајот

ВОЗЕЛ СО 2,02 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА И УДРИЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ - уапен жител на Радовиш

ВОЗЕЛ СО 2,02 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА И УДРИЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ - уапен жител на Радовиш

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Утрото ми почнува со поглед кон вулканот кој лани неколкупати еруптираше и е одалечен од мојот дом само 20 километри: Љупка Тепева за животот во Исланд

Утрото ми почнува со поглед кон вулканот кој лани неколкупати еруптираше и е одалечен од мојот дом само 20 километри: Љупка Тепева за животот во Исланд

ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР Е ЗАТВОРЕН, АЕРОДРОМИТЕ НЕ РАБОТАТ: Пристигна итно предупредување од МНР за македонските граѓани

ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР Е ЗАТВОРЕН, АЕРОДРОМИТЕ НЕ РАБОТАТ: Пристигна итно предупредување од МНР за македонските граѓани

НА ВЛАДИМИР МУ СЕ ГУБИ СЕКАКВА ТРАГА: Исчезнал вчера во четири часот, има 36 години

НА ВЛАДИМИР МУ СЕ ГУБИ СЕКАКВА ТРАГА: Исчезнал вчера во четири часот, има 36 години