19 Декември, 2025
0.0646

ПРОФЕСОР НЕНАД НОВКОВСКИ: Партиите на клоци да ги избркаат оние пратеници што имаат двојно државјанство

Објавено во: Македонија 23 Март, 2021 14:21

Добивај вести на Viber

Професорот на Природно математичкиот факултет Ненад Новковски, смета дека пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да си поднесат оставки доколку покрај македонското, имаат и друго државјанство. 

Ова следува откако Фактор објави дека до Собранието е поднесен предлог закон од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара ниту еден од народните избраници во Парламентот да не смее да има друг пасош освен македонскиот.

Пратениците од оваа опозициска партија, како што навеле во предлог законот, бараат ова правило да почне да важи уште за овој пратенички состав, односно 30 дена по неговата објава во Службен весник. 

„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веднаш да побараат од своите пратеници со туѓи државјанства да си поднесат оставки! За да го донесат законот“, пишува професорот Ненад Новковски.

Тој, во еден од своите коментари на текстот, наведува и дека ова за пратениците е прашање на морал. Затоа, и како што вели, нив не може да им се забрани да имаат двојно државјанство, но партиите можат да ги исфрлат на клоци.

„Да не ни глумат лудило! Ова е прашање на морал - и секоја политичка партија мора да го крене на највисоко ниво. Според закон не можеш некому да му забраниш да има двојно државјанство, ама од партијата мораш да го исфрлиш на клоци. Затоа прва работа е партијата да ги разреши сите свои функционери што беа посочени за бугарско државјанство“, пишува професорот Новковски. 

Инаку, овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ го најави откако бугарскиот министер Красимир Каракачанов објави список со македонски пратеници за кои првично тврдеше, а потоа ретерираше, дека имаат и бугарски пасош. СДСМ најави дека ќе го пддржи предлог законот, додека, пак, на албанските партии најавија дека се против такво законско решение.

За да се изгласа ваков закон не е потребно да се почитува Бадентеровото мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата