ПРОМЕНИ ВО ДИК: Борис Кондарко избран за претседател
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2024
На денешната 16. седница, Собранието донесе одлука за
усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК), следејќи го
изборното законодавство кое предвидува претседателот на ова тело да доаѓа од
редовите на опозицијата. Ова усогласување е резултат на смената на власта во
земјата.
Со новата одлука, Борис Кондарко, кој беше досегашен член на ДИК, е избран за претседател на Комисијата на предлог на СДСМ. За потпретседател е именуван Абдуш Демири од Беса. Меѓу членовите на ДИК остануваат досегашниот претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ), потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ), кој исто така продолжува да биде дел од ова највисоко изборно тело.
Дополнително, Собранието донесе одлука за распишување на оглас за избор на двајца нови членови на ДИК, наместо Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој е назначен за заменик-генерален секретар на Собранието, и Радица Ристеска (СДСМ), која заминува во пензија. Огласот ќе биде отворен осум дена по објавувањето во Службен весник.
фото: МИА* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.