02 Мај, 2024
0.0260

Проширување на деловната мрежа на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Вчера во 14 часот официјално беше отворена 28-та експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во Виница.

На свеченото отворање присуствуваа бројни гости и клиенти на Банката од општина Виница и од источниот регион на државата. Претставниците на Шпаркасе Банка Македонија во своето обраќање пред присутните информираа за деловната стратегија за проширување на својата мрежа секаде каде што постои потенцијал и можност.

Во рамките на таа стратегија и под своето мото „Банка на вашето семејство“ е и отворањето на новата експозитура во Виница, со што Банката станува достапна како за деловните субјекти така и за граѓанството во тој регион. Како општествено одговорна компанија Банката со своето делување ќе продолжи силно да го поддржува развојот на локалните заедници секаде каде штое присутна.

Шпаркасе Банка Македонија како дел од Шпаркасе Групацијата, која  речиси 2 века овозможува финансиска поддршка и услуги на своите клиенти од регионот на Југоисточна Европа, ја потврдува својата посветеност во делувањето и кон добробитта на заедниците во кои е присутна.

„Со особена чест и задоволство го објавуваме проширувањето на деловната мрежа на Шпаркасе Банка Македонија во источниот регион преку отворање на новата експозитура во општина Виница. Согласно со својата деловна стратегија, Банката го насочува развојот на мрежата на експозитури според потребите и очекувањата на клиентите за користење на широката и атрактивна понуда, особено во источниот регион на државата, кој во изминатите 10-ина години бележи голем развој. Денес можеме да се пофалиме со присуство на повеќе од8 експозитури во источниот регион или вкупно 28 експозитури во Р. Македонија, преку кои им овозможуваме на клиентите поголема достапност и висок квалитет на банкарска услуга, како и финансиска поддршка за сите корпоративни клиенти“, изјави Васко Мукаетов, директор на експозитурите од Регионалната дирекција - Исток.

Во рамките на стратегијата за ширење на мрежата на експозитури, Шпаркасе Банка Македонија континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.

Шпаркасе Банка Македонија во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност подготви и посебно изненадување за граѓаните на Виница, преку доделување ваучери за вежбање на првите 10-ина клиенти во фитнес-клубот „Central Gym & Fitness Club“ во Виница.

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа