Протест во Скопје, се бара поголема заштита на животните
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2016
Под мотото „Градот хуман пак ќе никне“ денеска на плоштадот Македонија во Скопје, се одржа протест против нехуманиот третман на животните, убивањето и измачувањето.
Протестот е во организација на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.
Тие бараат итен прекин на убивањето во Вардариште, раскинување на договор за работа со Ветеринарната болница Автокоманда, а ветеринарите да бидат казнети за нехумано убивање во стационарот. Влез на активистите за заштита на животните во Вардариште како овластено тело за надзор на спроведување на Програмата на град Скопје. Отпуштање на дел од вработените во Вардариште препознатливи по нехуманоста кон кучињата. Прекин на самоволното заловув,ање на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња. Забрана за заловување на малите кутриња, кои не се предмет на Програмата. Овозможување на граѓаните да си ги повлекуваат локалните миленици од стационарот. Инспекторите на Град Скопје да запрат со изживување врз сопствениците на миленици и оние кои се грижат за животните. Најстроги казни за инспекторите кои ги надминале законските овластувања. Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори на пријавите од здружението и да одговори на пријавите и да изрече соодветни и казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните.