16 Декември, 2025
0.0532

ПРОВЕРЕТЕ: колку е исплатливо тргувањето со цената на акциите на Google на светската берза!

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2014 08:23

Добивај вести на Viber

FXLider, специјално на читателите на Фактор, им подарува 50 евра почетен капитал за почетно тргување со цената на акциите на  Google на светската берза, единствената берза на која инвеститорите заработуваат и на растот и на падот на цената на акциите. Google неодамна го прослави својот десетти роденден, откако се тргува јавно со неговите акции.  Во изминатата деценија успехот на акциите на оваа компанија го надмина растот на индексот  S&P500 на чија што листа се наоѓа и самиот.  Од појавувањето на оваа компанија на берзата пред 10 години, па се до поделбата на акциите  2-1 во април оваа година, цената на акциите порасна  1311,76% од почетни 85$ по акција, на дури 1200$. Земете 50 евра и тргувајте на единствената берза на која можете да заработите и кога цените растат но и кога цените опаѓаат. Уште од самите почетоци,  Google е еден од најдоминантните пребарувачи во светот. Со стратегија која која константно е насочена кон иновација и модернизација, следеа низа аквизиции и нови производи како што се  Gmail, Google Maps, Google+… Кога се во прашање аквизициите,  Google може да се пофали со задоволителен успех. До сега се купени над  100  компании за  22 милијарди долари, а некои од најпознатите се купувањето на Youtube-a (1.7 милијарди долари), DoubleClick (3.1 милијарди долари ) и  Nest Labs (3.2 милијарди долари). Некои од компаниите беа прилично непознати пред да ги купи  Google , како на пример Android кој сега се наоѓа во самата срж на  Google оперативниот систем за мобилни телефони. Денес, преку 1 милијарда мобилни телефони и таблети го користат токму овој оперативен систем. Google е еден од лидерите на пазарот на акции, скоро од самиот почеток, од моментот кога почна да се тргува со неговите акции. Сепак, од неодамна почнаа да се праќаат сигнали дека  „законот на големи броеви“ може да влијае на тоа да параметрите на резултатите на оваа компанија во блиска иднина покажат стагнација па дури и пад. Едноставно кажано, според овој закон можно е за Google да биде се потешко да и понатаму остварува експлозивен раст кој беше карактеристичен во поранешните фази. „Инвеститорите кои купуваат акции на Google и понатаму сметаат на тоа дека оваа компанија прави рудник за злато за своите акционери со одлични билансни состојби, парични текови и со предност секогаш да ги имаат најдобрите, најпаметните и најиновативните умови во светот помеѓу своите вработени.  Исто така , овие инвеститори сметаат дека порано никогаш не било исплатливо да се смета на падот на акциите на оваа компанија дури и тогаш кога поминуваше низ фаза на стагнација. Според нив, тие биле само периоди на консолидација пред нивните големи потези“, наведува м-р Никола Димков од  FXLider. Историски гледано, ваквиот став се потврдуваше до сега, меѓутоа останува прашањето дали позитивниот тренд може бескрајно да трае, и ако не, дали е ова можеби период на пресврт? „Од друга страна инвеститорите кои сметаат на падот на цената на акциите, очекуваат стагнација на цената особено после априлската поделба на акциите во однос 2-1.  И покрај позитивниот извештај за заработката во текот на претходниот квартал, цената на акциите беше во пад наредните два дена после објавувањето на овој извештај, помеѓу другото и поради правни проблеми како што се  владината истрага и истрагата за приватност но и тужбата на Oracle од  6 милијарди долари.  Покрај тоа, скептицизмот кога е во прашање идниот раст го потврдува и фактот дека цената на акцијата продолжува да се движи  10% под рекордно високите вредности и покрај тоа што глобалниот пазар на акции продолжува со растот“, наведува м-р Никола Димков од  FXLider. Иако моментално акциите на  Googlе се наоѓаат, може да се каже , на „ничија земја“ и покрај тоа што  глобалниот пазар на акции остварува нови рекордни вредности скоро секој ден,  треба да се има во предвид дека Google е една од технолошки најнапредните компании во светот и пионер во многу области.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави