Пругата кон Бугарија преизборен адут на сите Влади

Објавено во: Анализа 11 Јули, 2012 11:07

-“За делот Куманово до Бењаковце, сеуште се во тек се преговори со Европската Банка за обнова и развој, од каде се планира годинава да се обезбедат финансиски средства во висина од 46,4 милиони евра а додека одобрен е грант од 2,5 милиони евра за избор на консултант кој ќе врши надзор на работата на оваа делница, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Дополнително Јанакиески се пофали дека во однос на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, Европската инвестициска банка испратила писмо на намери во кое се вели дека ќе влезат во реализација на овој проект, за кој се потребни 145 милиони евра за градежни работи.
Не е комлетирана ниту финансиска конструкција за делот од Крива Паланка до Деве Баир, кој е најтежок и најскап. „Во однос на оваа делница, Министерството за транспорт и врски поднесе барање до ИПА за обезбедување на средства во висина од два милиони евра но за изработка на основните проекти, изјави пред неколку дена министерот за транспорт и врски Јанакиески.


Но освен пругата кон источниот сосед, деновиве Владата најави и реконструкција на пругите на Коридорот 10. Ќе се подготвувале проекти за рехабилитација, како увертира за голема инвестиција во железничкиот сообраќај. Освен ова најавена е и реконструкција на железничките станици низ земјава. Сепак, најавите во најголем дел за инвестициите во железницата остануваат за следната година.
Инвестициите во инфарструктурата се неопходни едногласни се и бизнисмените и експертите но, досега речиси сите Влади беа критикувани дека ги занемаруваат токму инфраструктурните проекти, односно или воопшто не вложуваат или она што го вложуваат е само шминка иако инфраструктурата е клучна за развој на вкупната економија.
- Експропријација на куќи и земјоделско земјиште
Изградбата на пругата кон Бугарија , според физибилити студијата на српсkиот консултант покажала и дека ќе биде потребно:
- Разрушување на 25 куќи во населбите : Градец, Крива Паланка, Узем, по предвидена цена од 650 евра за квадратен метар
- Експропријација на 424,379 метри квадратни земјоделско земјиште во населбите Лиминци , Градец, Лозаново, Крива Паланка , Дрење, Трново , Киселица , Жидилово , Кркља ,Костур, Узем, по предвидена цена од 5 евра за квадратен метар.
- Извор: ОВЖСО
Можеби ќе ве интересира
КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ КИНЕСКИТЕ ПРОЕКТИ ШИРУМ СВЕТОТ? Кинезите кои го градеа облакодерот што се урна во Бангкок, работеле и на бетонската настрешница што се урна на железничката станица во Нови Сад
