Прванов вели дека Бугарија ја загуби битката за историјата
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2022 18:21
Со ветото Бугарија ја загуби битката за историјата, вели екс бугарскиот претседател Георги Прванов.
Тој денеска повика на конструктивен пристап во односите меѓу Софија и Скопје. Прванов вели дека колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан, дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза.
„Така што, да се надеваме дека ќе се направи потег и оваа сага ќе заврши“, рече Прванов.
Вели дека од најблиски народи станавме најнепријателски. Бугарските власти рекоа дека се работи за истиот предлог, кој претходно Македонија го отфрли, додека кај нас е соопштено дека се работи за ревидиран француски предлог. Во Македонија два дена имаше протести и барање власта да го отфрли овој предлог.
Можеби ќе ве интересира
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




