ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ГЛАСАЊЕТО ВО 9.30: Мали технички проблеми на некои избирачки места
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2021
Првите официјални
информации за текот на гласањето на вториот круг од локалните избори ќе бидат
соопштени на првта прес-конференција на Државната изборна комисија во 9.30,
соопшти за портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска за Сител.
Засега, како што рече, првичните информации со кои располагаат укажуваат дека гласањето се одвива нормално.
-Има дел избирачки места каде што има мали технички проблеми, меѓутоа се надминуваат. Во најголем број од избирачките места гласањето е успешно започнато. Најголем дел од проблемите се со уредите за отпечаток со прст. Од она што го имаме до сега како информација е неможност да се логираат претседателите на избирачките одбори во уредот, нечитливи лозинки...меѓутоа веднаш се интервенира на лице место за да продолжи нормално гласањето, рече Гугучевска за Сител.