Првиот тет а тет на Трамп и Ким поминал успешно
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2018 08:48
Првиот тет а тет на историската средба помеѓу американскиот и севернокорејскиот лидер - Доналд Трамп и Ким Џонг Ун поминал успешно како добра основа за договор во понатамошните разговори во Сингапур.
„Направен е голем прогрес и двете страни ќе потпишат договор“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по денешната историска средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, во Сингапур. „Средбата помина подобро од очекувањата“, додаде Трамп.
Двајцата претседатели најнапред имаа 40-тина минути тет а тет средба, а потоа се одржа и состанок на двете делегации на највисоко ниво. Главна тема на самитот е денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.
„Не беше лесно да се дојде до тука, во минатото, практиките и предрасудите работеа против нас и имавме многу опструкции, но надминавме многу од нив и сега сме тука“, изјави северно-корејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тој додаде дека многу луѓе ќе мислат дека ова се сцени од некој научно-фантастичен филм.
Ова е прва средба меѓу претседатели на САД и на Северна Кореја.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




