ПРВО ГО УДИРАЛ СО РАЦЕ И НОЗЕ, ПОТОА СО МЕТАЛНА ШИПКА - Обвинителство покрена обвинение за убиството во Сретеново, Дојран
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2025 11:18
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице.
- Сега починатиот Никола Тимев, инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.
Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал.
Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди - соопштуваат од Обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.
Претходниве денови пак МВР објави дека полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. поради убиството во Сретеново. Тие укажаа дека педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал во болницата во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р..
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




