19 Декември, 2025
0.0805

Publicis Groupe преку својот медиумски бренд Zenith го прошири своето партнерство со Nomad Foods и во адриатик регионот

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2022 14:34

Добивај вести на Viber

Водечката компанија за производство на замрзната храна Nomad Foods (Номад Фудс) под чија капа се познатите брендови како Birds Eye, Findus, Iglo, Ledo и Frikom, услугите за медиумско планирање и закуп за Адриатик регионот (Хрватска, Србија, Босна, Словенија, Црна Гора и Северна Македонија) ги додели на Publicis Groupe Adriatic и нејзината медиумска агенција Zenith.

Оваа проширена соработка се надоврзува на веќе седумгодишното партнерство на Zenith со Номад Фудс. Zenith моментално работи на сите онлајн и офлајн медиумски активности на Номад Фудс на  други 14 европски пазари.

Во конкуренција со неколку локални агенции, Zenith беше избран врз основа на квалитетот на глобалниот и локалните тимови, нивната локална експертиза, како и врз база на предложениот начин на работа и севкупната координација.

Christian Lee, Глобален оперативен директор во Zenith, изјави: „Возбудени сме што го проширивме нашето долгогодишно партнерство со Номад Фудс. Оваа победа е доказ за нашиот талент, високите перформанси кои ги обезбедуваме, за стратешкиот начин на работа и нашите медиски алатки кои се водечки во индустријата“.

Александра Дилевска, Главен извршен директор на за Хрватска и Северна Македонија, и Главен оперативен директор на Publicis Groupe за Адриатик регионот на додаде: „Да се ​​биде одговорен за медиумскиот бизнис на Номад Фудс во Адриатик регионот е навистина возбудливо за сите нас, а истовремено и доказ за вредноста на "Power of One" кој претставува синергија од најдоброто од сите наши агенции. Горди сме што сме дел од оваа важна задача“.

„Zenith има длабоко и суштинско разбирање на нашата визија за раст и затоа сме радосни за нашето проширено партнерство во Јадранскиот регион“, вели Стив Екс, Главен директор за маркетинг во Номад Фудс.

За Zenith

Зенит е ROI (Return of Investment) агенција. Нашите повеќе од 6.000 специјалисти на 95 светски пазари нудат неспоредливи способности во полето на медиуми, работа со податоци, технологија, трговија и креирање содржина. Ние ја ставаме ефективноста во срцето на нашата работа за да ги решиме сложените предизвици, да постигнеме успешни деловни резултати и да ги развиеме бизнисите на нашите клиенти. Зенит е дел од Publicis Media, медиумската група на Publicis Groupe [Euronext Paris Fr0000130577, CAC40].

За Publicis Groupe – The Power of One

Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40] е глобален лидер во полето на комуникации. Групацијата е позиционирана на секој чекор од синџирот на вредности, од консалтинг до извршување, комбинирајќи ја маркетинг трансформацијата и трансформацијата на дигиталните бизниси. Publicis Groupe е привилегиран партнер во трансформацијата на своите клиенти за да се подобри персонализацијата во обем. Групацијата се потпира на десет експертизи концентрирани во четири главни активности: Комуникација, медиуми, податоци и технологија. Преку унифицирана и флуидна организација, нејзините клиенти имаат олеснет пристап до целата нејзина експертиза на секој пазар. Присутна во над 100 земји, Publicis Groupe вработува околу 96.000 професионалци.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза