Путин може да си дозволи целосно да го прекине извозот на гас во Европа
Објавено во: Економија 28 Август, 2022
Рускиот претседател Владимир Путин може да си дозволи целосно да го прекине извозот на гас во Европа.
Неговата земја може целосно да го прекине извозот на природен гас во Европа повеќе од една година без да предизвика значителна штета на националната економија, објави Блумберг, повикувајќи се на стратези на „Капитал економикс“.
Русија би можела да го одржи извозот на гас во Европа на 20 отсто од нормалното ниво најмалку три години.
„Годишното намалување на понудата од страна на Русија може да се случи „без негативни последици за нејзината економија“, рече Лиам Пич, еден од економистите во „Капитал економикс“.
Вели дека и покрај намалените количини, кварталната заработка на Русија од извозот на гас може да изнесува 20 милијарди долари.
Иако експертите предвидуваа мрачни сценарија, сепак Русија не доживеа банкрот поради западните санкции наметнати поради руската инвазија на Украина.
Унгарија нема да преговара за енергетски санкции било да се работи за нафта или гас.