Путин откри како ја шармирал Меланија Трамп
Објавено во: Свет 09 Март, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин даде генијално интервју за руската државна телевизија кое сигурно ќе го побесни Вашингтон и доаѓа во идеално време кога се подготвува за новите претседателски избори во Русија, како и да им фрли сол на раната на американските сурогати кои на максимално ја кренаа паранојата дека Трамп е уценет од русите и дека тие му помогнале да ја победи Хилари Клинтон со организиран сајбер напад и ширење на пропагандна војна на социјалните мрежи.
Путин откри дека за време на ланскиот Г20 Самит, тој додека вечерал со првата дама на САД, Меланија Трамп, и кажувал приказни од неговите риболовни авантури на Камчатка и Сибир и признава дека малку претерувал со описите. Запрашан дали се обидел да ја регрутира како поранешен директор на КГБ, вели дека тоа одамна не го прави, но таквите обврски додека бил агент му биле омилени.
„Секогаш кога раскажувате рибарски приказни малку морате и да претерате со описот на авантурите“, со насмевка говореше Путин.
За неговиот американски колега Доналд Трамп вели дека има само пофални зборови и смета дека е политичар со кого може да се преговара за подобрување на односите меѓу Русија и САД, но главен проблем е американскиот политички систем кој се јаде самиот себеси, смета Путин.