Путин планира голема воена операција во Украина на 9 мај?!
Објавено во: Свет 27 Март, 2015 18:57
Во наредните недели Русија може да започне голема воена операција во Донбас против Украина. Тоа го изјавил поранешниот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Андреј Паруби.
„Во моментов се наоѓаат огромни сили на границата на Украина со Русија. Според многу пораки, и тоа веќе не е тајна, со наближувањето на неколку недели има висок ризик од голема воена операција. Таа мора да е брилијантна, како што смета Путин, да биде остварена до 9 мај и да ја демонстрира моќта на руската армија“, истакнал Паруби.
Поради овие проблеми, тој смета дека Западот треба да достави смртоносни оружја за зголемување на моќта на вооружените сили во Украина.
„Тие (претставниците на САД) зборуваат: Ако одат во Мариупол, тогаш ние ќе ги решиме“. Јас велам: „Деца, потоа што ќе кажете кога ќе одат во Харков, а потоа во Киев. На нас уште денес веќе ни треба оружје. Ако започне големата офанзива, ќе ни се потребни технички средства со кои ќе можеме да го возвратиме ударот“, изјавил Паруби во САД.
Според Паруби многу луѓе во САД биле согласуваат со неговата позиција.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




