Путин во официјална посета на Турција
Објавено во: Свет 03 Април, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Турција, каде денеска ќе бидат поставени темелите на нуклеарната централа „Акују“ - првата турска атомска електроцентрала.
АЕЦ „Акују“ ќе биде изградена во близина на пристаништето Мерсин, на брегот на Средоземното Море, а ќе ја гради руската државна компанија Росатом. Електроцентралата ќе се состои од четири блока, со моќност по 1.200 мегавати, а целата инвестиција изнесува 22 милијарди долари.
Анкара денеска ќе биде домаќин и на средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Русија и Турција.
Исто така Путин утре ќе учествува и на тристраната средба за Сирија, на која ќе учествуваат и претседателите на Турција и Иран, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани.
Тие во Анкара ќе разговараат за регионалниот развој и за безбедносната ситуација во Сирија.