Путин: Западните санкции ги кршат принципите на СТО
Објавено во: Свет 18 Септември, 2014 15:23
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека санкциите кои Западот ги воведе на Русија претставуваат „отстранување од основните принципи на Светската трговска организација (СТО)“.
„Тие ги кршат принципите за еднаквиот пристап на сите земји на пазарите на стоки и услуги и го игнорираат статусот најовластена земја во трговијата како и принципот на чесна и слободна конкуренција“, рекол Путин.
Тој истакнал дека „групата на западните земји еднострано ги 'избришала' овие и останатите принципи на СЗО во врска со Русија, која спаѓа меѓу шесте најголеми економии„.
Путин додал дека Русија ќе смисли економска политика која ќе биде фокусирана на развојот на реалниот сектор, и дека чврстиот домашен пазар ќе биде основен ресурс.
Според неговите зборови, Русија вовела заштитни мерки не со цел руските партнери да бидат казнети. „Ние пред се, размислуваме за своите интереси и развојни цели“; рекол рускиот претседател на состанокот на Државниот совет.
Тој напоменал дека е од суштинска важност да се осигура пристапот на кредити во Русија и создадат услови за конкурентно соработување и финансирање по светски стандарди.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




