Путин:Државните службеници да не поседуваат сметки во странство
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2013
Рускиот претседател Владимир Путин достави до Државната дума нацрт-закон, со кој им се забранува на државните службеници во земјата да поседуваа сметки во странски банки, соопшти на својата интернет страница Долниот дом на рускиот Парламент.
Со законот им се забранува на речиси сите службеници во администрацијата со исклучок на дипломатскиот и конзуларниот персонал „да отвараат или да поседуваат сметки во странски банки надвор од територијата на Русија, како и хартии од вредност на странски држави, обврзници и акции, издадени од други правни лица во странство“.
Забраната има за цел специјално да ја гарантира националната безбедност на Русија, да се зголемат инвестициите во економијата на земјата и да се води поефикасна борба против корупцијата.
Иницијативата специјално се однесува на замениците на генералниот обвинител, бордот на Централната банка, службеници во државни компании и секој друг службеник, кој во рамки на своите надлежности носи одлуки поврзани со суверенитетот на Русија и нејзината национална безбедност.
Руските власти му посветија внимание на прашањето за банкарските сметки и недвижен имот во странство, сопственост на службеници или пратеници, по серијата корупциски скандали во земјата изминатите месеци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.