02 Мај, 2024
0.0259

Работењето на групацијата Триглав во првиот квартал од 2016-та година во согласност со плановите

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Триглав Осигурување Скопје постигна раст во уделот на пазарот на неживотно осигурување од речиси 3%.

Предизвиците на осигурителниот пазар и пред сé историски ниското ниво на каматни стапки на финансиските пазари, како што се очекуваше во групацијата Триглав, влијаеа на работата  на водечката осигурително-финансиска групација во Словенија и во регонот Адрија во првото тромесечје од 2016 година. Групацијата на словенечкиот пазар обезбеди 84,2% од консолидираната бруто полисирана премија, што е половина процентен поен повеќе од истиот период минатата година. На пазарите надвор од Словенија сите компании ќерки, со исклучок на Бања Лука, постигнаа раст во премија. Во согласност со стратешките насоки и планот за оваа година, фокусот на групацијата Триглав останува пред сѐ на зачувување на високата финансиска стабилност, профитабилноста и безбедното работење. Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од групацијата Триглав, во првиот квартал од 2016 година ја потврди својата лидерската позиција во развојот на осигурителниот пазар во Македонија со воведување на нови и иновативни услуги.

Групацијата Триглав постигна добри резултати во доменот на основната осигурителна дејност. Тоа јасно го покажува комбинираниот количник, кој што е показател на профитабилноста во работењето во доменот на неживотните осигурувања и кој што во дадениот период групацијата Триглав и Заваровалница Триглав го подобрија. Количникот на групацијата при крај на тромесечјето годинава изнесуваше 91,4%, додека количникот на матичното друштво изнесуваше 82,3%.

Раст на премијата на пазарите надвор од Словенија

Групацијата Триглав обезбеди консолидирана бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување во износ од 259 милиони евра (1% помалку споредено со истиот период минатата година, при што минатогодишните податоци дополнително вклучуваа податоци и за чешката компанија). Во Словенија, бруто полисираната премија на матичното друштво, споредена со истиот период минатата година е пониска за 1% (172,5 милиони евра), премијата на Триглав Здравствена заваровалница е повисока за 2%, а премијата на Скупна покојнинска дружба е повисока за 9%. Во другите пет држави од регионот Адрија, каде што работи Групацијата, сите зависни друштва (со исклучок на Бања Лука) бележат раст на премијата во споредба со истиот период минатата година. Највисок раст од 17% беше постигнат на српскиот пазар, во Хрватска премијата се зголеми за 13%, додека пак на македонскиот пазар бруто полисираната премија остана приближно на истото ниво, споредено со минатата година. Во Црна Гора растот на премија изнесуваше 6%, додека пак на пазарот во Босна и Херцеговина сараевското друштво оствари раст од 7%, а друштвото во Бања Лука имаше 4% пониска премија.

Поволни штетни настани

Групацијата Триглав оваа година имаше 1% помалку бруто исплатени штети, споредено со првиот квартал минатата година (147,3 милиони евра), додека пак матичната куќа забележа намалување од 2% (95,7 милиони евра). Во првиот квартал од 2016 година немаше поголеми штетни настани.

Очекувано низок финансиски принос од инвестициите

На деловните резултати на Групацијата значајно вилијание имаа приносите од финансиските инвестиции, кои беа 74% пониски од минатата година (во матичното друштво 50% пониски). Тоа пред сé се должи на пониските нето каматни приходи, пониските нето ефекти од ревалоризација и пониската нето добивка од продажбата на финансиски средства. Со доследно спроведување на мерките зацртани во деловната политика, групацијата Триглав првиот квартал го затвори со добивка по оданочување во висина од 23 милиони евра и добивка пред оданочување во висина од 28 милиони евра. Понискиот деловен резултат на Групацијата, споредено со истиот период во 2015 година се должи пред сé на ниските приноси од инвестициите, што е во согласнот со очекувањата на компанијата.

Резултатите одраз на условите на пазарот

Групацијата Триглав и понатаму ја одржува високата финансиска стабилност, на што укажува 4% повисоката вкупна вредност на капиталот (вредност 735 милиони евра), како и растот од  1% на бруто техничките резервации (вредност 2.632 милиони евра).

Претседателот на управата на Заваровалница Триглав Андреј Слапар изјави: »Во првите три месеци од 2016 година групацијата Трилав, и покрај големите предизвици и високо конкурентната состојба којашто владее на нашите осигурителни пазари, работеше добро во основната осигурителна дејност, на што укажува и нашиот подобрен комбиниран количник. Што се однесува на финансиските вложувања, ние, како и целиот осигурителен сектор, работиме во услови на историски ниски каматни стапки, кои што ги намалуваат финансиските приноси од инвестициите. Ваквата ситуација е очекувана и врз основа на разулататите во првиот квартал од оваа година цениме дека реализираната годишна добивка пред оданочување на Групацијата ќе биде во рамките на планот.«

Групацијата Триглав на Македонскиот пазар

Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2016 година посветено работеше на остварување на резултатите од зацртаната стратегија. Бруто полисираната премија во дадениот период беше 0,4% повисока, споредено со резултатите од истиот период во 2015 година (5,2 милиони евра). Особено добри резултати компанијата оствари во доменот на автомобилските осигурувања, каде што беше постигнат раст на бруто полисираната премија во износ од 18%, споредено со првиот квартал од минатата година, а компанијата постигна одлични резултати и во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување. Лидерската позиција на компанијата ја потврди растот во уделот на пазарот на неживотно осигурување од 2,9%.

Фокус на компанијата во првиот квартал од 2016 година беше воведувањето на нови и иновативни производи и услуги на пазарот. Во дадениот период Триглав ја воведе услугата автомобилска асистенција, која што на клиентите на Триглав им овозможува помош во Македонија и во Европа. Главниот извршен директор на компанијата, г-динот Ѓорѓе Војновиќ, во оваа пригода изјави: »Триглав ја потврди својата иновативност и посветеност на развој на пазарот, како единствена осигурителна компанија која што нуди автомобилска асистенција. Оваа услуга овозможува поддршка на нашите клиенти кога тоа им е најпотребно, што е суштината на Триглав - да создаваме вредности, кои што на нашите клиенти навистина им значат.«

Овој квартал компанијата продолжи да работи и на развојот на стратешки важното доброволно приватно здравствено осигурување, воведувајќи на пазарот нов производ - осигурување на операции, кое што е комплементарно со постоечкото осигурување на специјалистичко – амбулантно лекување. Доброволното приватно здравствено осигурување е прв чекор во обезбедување на подобра грижа за себе и за своите најблиски, смета г-дин Војновиќ, и тоа е една од главните причини што Триглав развива нови можности за квалитетна заштита на здравјето, во согласност со потребите и можностите на клиентите. Врвниот квалитет на услугите на Триглав уште еднаш беше потврден од страна на јавноста, која во март годинава, втор пат по ред ѝ додели на компанијата Qudal медал за најдобар квалитет.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор