14 Октомври, 2024
0.0262

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Во Куманово, утре (14 октомври), со почеток во 18 часот, во зградата на поранешен комитет, во големата сала,ќе се одржи работилница против врсничко насилство наменета за родители. Оваа едукативна средба е овозможена од „Макпетрол“, во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“. На работилниците за родители за стручниот аспект ќе биде задолжен психолог кој долги години работи со проблемот со булингот. Актерот, Сашко Коцев, пак, ќе биде водител на овие настани.

Во повеќе од 150 училишта во 26 општини „Макпетрол“ преку кампањата „Стоп за булинг“ овозможи работилници за ученици, а сега ќе организира едукативни средби наменети за родители. На 5 октомври во Општина Центар, во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, се одржа првата ваква работилница. Со присуство на поголем број родители, на оваа средба беа споделени знаења за врсничкото насилство, се водеше интересна дискусија, а истото се очекува и во Куманово в понеделник (14 октомври).

Компанијата потпиша меморандуми за соработка со Крива Паланка, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец, Илинден, Чучер-Сандево, Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, како и со две основни училишта во Општина Прилеп.

Преку интернет-страницата kreniglas.mk кампањата на „Макпетрол“ обезбедува лесно достапни едукативни информации за врсничкото насилство. Истата служи и за анонимно споделување лични приказни и искуства со булингот. Освен големиот број комуникациски материјали, на вебсајтот има и прирачници наменети за ученици, наставници и за родители.

Проекти што се од значење за пошироката заедница и во минатото, но и во иднина ќе бидат дел од работата на „Макпетрол“. Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ овозможува поддршка на децата и на младите, кои и понатаму ќе бидат во фокусот на компанијата. Целта на ваквите активности е да се обезбеди основа за тие да ги реализираат своите потенцијали.

Можеби ќе ве интересира

Голем триумф на Меккен Скопје на фестивалот Голден Драм

Голем триумф на Меккен Скопје на фестивалот Голден Драм

„Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ

„Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ

Проширете го својот свет со Galaxy AI

Проширете го својот свет со Galaxy AI

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНИ: 7.611.459 ДЕНАРИ ОСВОИ ВЛТ ИГРАЧ ВО СТРУМИЦА

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНИ: 7.611.459 ДЕНАРИ ОСВОИ ВЛТ ИГРАЧ ВО СТРУМИЦА

Касичка – детско осигурување со штедење

Касичка – детско осигурување со штедење

Iute Safe официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

Iute Safe официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат

Продолжен викенд со супер попусти во Fashion Group

Продолжен викенд со супер попусти во Fashion Group

ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА, ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО СЕПТЕМВРИ

ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА, ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО СЕПТЕМВРИ