Радев сака да го праша бугарскиот народ дали да го тргнат ветото за Македонија
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022 16:55
На тема тргнување на ветото за Македонија за почеток на преговори со Европската Унија(ЕУ), во Бугарија можно е да се одржи референдум.
Бугарскиот претседател Румен Радев сака да го праша бугарскиот народ за симнување на ветото за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија. Ова тој го кажа за најавената средба на бугарскиот државен врв со францускиот претседател Емануел Макрон во врска со македонските евроинтеграции.
„Што се однесува до убедувањето на премиерот дека последна инстанца за темата ‘Република Северна Македонија’ е парламентот, треба да прецизирам дека последната инстанца секогаш е народот и за негово консултирање има уставни механизми“, изјави Радев.
Тој вели дека не се исполнети условите за средба со Макрон за Македонија. Претходно ВМРО-БНД споменуваше ваква идеја. Засега Бугарија нема да го тргне ветото.
„Прашањето за Република Северна Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на Европската Унија“, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска.
Властите на двете земји и натаму комуницираат.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




